26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКазна од 18.000 евра за Бензема

Казна од 18.000 евра за Бензема

Karim+Benzema

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е казнет поради кршењето на сообраќајните прописи со парична казна од 18.000 евра.

Французинот во наредните осум месеци исто така ќе биде и без возачка дозвола што беше одлучено од мадридскиот суд.

Инаку за потсетување Бензема на 3-ти февруари беше сопрен од страна на полицијата во Мадрид поради тоа што возел со брзина од 216 километри на час во зона во која ограничувањето е 100 километри на час.

Првобитното рочиште беше закажано на 26-ти март, на денот кога се одигруваат натпревари во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014-та година, а силите ќе ги одмерат Франција и Шпанија, па поради тоа судењето му беше поместено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП