26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRed Bull се пожали на уцена

Red Bull се пожали на уцена

red bull

Производителот на популарниот енергетски пијалок „Red Bull“ објави дека е предмет на уцена од човек или група луѓе, кои се закануваат дека ќе го извалкаат пакувањето.

“Веќе неколку недели некој се обидува да не саботира. Соработуваме со полицијата и го делиме мислењето, а сигурни сме дека во блиска иднина сторителите на ваквото кривично дело ќе бидат откриени“ стои во соопштението на „Red Bull“.

Компанијата објасни дека одлучила јавно да разгласи за случувањата за да ја неутрализира способноста на изнудувачите да ја притискаат.

Сторителите на „Red Bull“ им се заканувале дека доколку не добијат одрена сума со фекален материјал ќе ги замастат лименките на пијалокот. По проверките во продавниците каде изнудувачите посочиле дека оставиле загадени пијалоци, полицијата не открила ништо.

Од седиште на компанијата во Салцбург велат дека засега нема да соопштуваат ништо повеќе, за да не ја попречуваат истрагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП