26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВолво со нова технологија за безбедност

Волво со нова технологија за безбедност

volvooo

Секој веќе знае дека Волво е еден од брендовите кој најмногу се грижи за безбедноста во автомобилите, но и надвор од нив, а тоа го потврдија и со нивната нова технологија.

Шведскиот производител во Женева го претстави специјалниот систем со кој нивните возила ќе ги детектираат и препознаат велосипедистите. Уредот детектира опасност доколку велосипедистите одеднаш го променат правецот на движење и влезат во траекторијата на автомобилот. Од компанијата изјавија дека пред да дојде до судир ќе се огласи аларм и ќе ги активира сопирачките на автомобилот.

Од Волво напоменуваат дека овој технолошки уред не е замена за претпазливоста зад управувачот. Новата технологија е подобрена верзија на системот за откривање на пешаците, кој  Волво го претстави во 2010-та година. Уредот има многу посилен процесор и софтвер. Како и во претходниот случај, овој уред ќе го користи радарот кој е во предната маска од автомобилот и камерата која се наоѓа помеѓу предното стакло и ретровизорот и со нив ќе се детектираат опасностите од незгода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП