26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткритие кое ќе го промени светот

Откритие кое ќе го промени светот

superca1

Ричард Канер, професор по хемија и биохемија и неговиот постдипломец Махер Ел-Кади, откриле нов радикален тип на батерија.

Оваа батерија еден ден би можела да полни мобилни уреди, па дури и електрични автомобили за само неколку секунди.

Уредите кои се нарекуваат “микро суперкондензатори базирани на графин” можат да се полнат и празнат за сто или илјада пати побрзо од стандардните батерии. Научниците велат дека оваа технологија ќе доведе, не само до брзо полнење на уредите, туку и нивното воведување ќе овозможи драстично намалување на различните уреди.

Научниците тврдат дека луѓето, оваа технологија би можеле да ја применуваат дури и во своите домови, а единствени работи кои им се потребни се ДВД режач и графитен оксид разреден во вода кој може да се набави за умерена цена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП