26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрговската размена во јануари околу 803 милиони долари

Трговската размена во јануари околу 803 милиони долари

germanija-izvoz

Македонија во јануари годинава извезла производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезла стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најголем дел од македонскит извоз во јануари отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27 (70.4%) и на земјите од Западен Балкан (19.0%). И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.9%), како и Заедницата на независни држави (13.7%).

Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Србија (49% од вкупната надворешно-трговска размена).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП