27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА2013-та ќе биде година на паметните телефони

2013-та ќе биде година на паметните телефони

S

Продажбата на „паметни телефони“ оваа година за првпат ќе ги надмине класичните телефони, се наведува во студијата на агенцијата за анализа на пазарот „Industrial Development Corporation“.

Во студијата се наведува дека оваа година ќе бидат подадени околку 918.6 милиони „паметни телефони“, што претставува 50.1 процент од вкупната продажба од сите типови на мобилни. Успехот на овие мултифункционални телефони се должи пред се на нивното поефтинување и од развојот на телефонските мобилни мрежи од четвртата генерација, која дополнително ја олеснува размената на податоците.

Побарувачката на паметните телефони е се поголема на пазарите во развиените земји, како што е САД, но и кај земјите кои се во нагорна линија како Кина, Бразил и Индија.

Кина според оценките на аналитичарите во 2014 ќе стане најголем купувач на паметните телефони и ќе има 32.8 проценти од целовкупниот пазар на овој вид на апарати, особено на ефтините модели кои користат Андроид.

САД следната година ќе падне на второто место со 15 проценти од светскиот пазар на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП