26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро побрз Chrome за Android

Наскоро побрз Chrome за Android

The-update-to-Chrome-on-Android

Во „Google“ моментално работат на тоа да донесат некои нови подобрувања на својот „Chrome“ пребарувач за „Android“, вклучувајќи ја можност за компресија на податоците, со што би направиле интернет страните да се отвораат многу побрзо, отколку сега.

Тимот кој работи на оваа апликација веќе експериментира со оваа технологија што би ја намалила потрошувачката на податоци во прелистувачот, преку „Google SPDY“.

Најверојатно оваа технологија ќе биде слична на онаа која се наоѓа на „Opera“ мобилниот пребарувач наречена „Opera Turbo“. За сега функцијата е се уште во развој и можеби ќе помине подолг период додека „Google“ ја имплементира за да биде достапна на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП