26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBloomberg Billionaires Index: Тајкуните го зголемиле своето богатство и во 2012 година

Bloomberg Billionaires Index: Тајкуните го зголемиле своето богатство и во 2012 година

bil1

Најбогатите луѓе на планетата дури и во тешки економски услови го зголемиле своето богатство, додавајќи уште 241 милијарда долари на своите сметки, покажува „Bloomberg Billionaires Index“, дневната листа на 100-те најбогати луѓе во светот.

Вкупното богатство на 100-те светски тајкуни достигнало 1,900 милијарди долари на 31 декември 2012 година.

Најголем раст на богатството оствариле тајкуните во областа на трговијата и телекомуникациите, во просек 20 проценти, а од 100-те најбогати, само 16 забележале загуба во текот на минатата година.

Амансио Ортега, основачот на компанијата „Inditex SA“ и брендот „Zara“, оствари најголем раст на богатството- 76-годишниот тајкун го зголеми своето богатство за неверојатни 22,2 милијарди долари на 57,5 милијарди, додека профитот на оваа компанија која управува со ланецот „Zara“ пораснал за 66,7 проценти.

Карлос Слим, телекомуникацискиот тајкун во чија сопственост е мексиканскиот „America Movil“, и понатаму е најбогатиот човек на планетата, а неговото богатсво пораснало за 13,4 милијарди, или 21,6 проценти.

Вториот најбогат човек на светот е Бил Гејтс (57), кој своето богатсво го зголемил за 7 милијарди долари, додека пак, акциите на „Microsoft“ пораснале за 2,9 проценти. Во целокупното портфолио, акциите на софтверската компанија сочинуваат 20 проценти.

Ворен Бафет (82), го загуби третото место на листата, а неговата компанија „Berkshire Hathaway“ остварила раст на профитот од 5,1 милијарда долари, иако дури 22,3 милиони долари донирала во хуманитарни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП