27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГорење се ослободи од две „ќерки“ компании

Горење се ослободи од две „ќерки“ компании

gorenje

Словенечкиот производител на апарати во домаќинството, Горење, ги продаде компаниите Горење-Кујни и Горење-Внатрешна опрема на меѓународниот инвестициски фонд, ЦоБе Капитал, со што се откажа од производството на мебел.

Новиот сопственик ќе продолжи со производство на мебел во погоните во Марибор, Велење и Назарје, а со тоа ќе ги задржат и околу 400-те работници кои претходно беа во Горење.

Претставниците на Горење велат дека производството на мебел не е основна дејност на компанијата, и дека во таа област во последните три години забележале големи загуби.

Условите од продажбата на наведените компании на Горење на инвестицискиот фонд не се објавени.

Од ЦоБе Капитал велат дека се задоволни од новата аквизиција во Словенија, а со тоа го јакнат својот производен потенцијал покрај нивните фабрики во Франција, Германија и Австрија.

Раководството на овој инвестициски фонд истакнуваат дека во програмата за кујнска опрема на Горење и неговиот бренд гледаат голем потенцијал за раст и напредување на квалитетното производство, како и можност за зајакнување на сопствената конкурентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП