27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple планира да се пресели во ,,вселенскиот брод” до 2016 година

Apple планира да се пресели во ,,вселенскиот брод” до 2016 година

apple-campus2

На вчерашното годишно собрание на акционери, извршниот директор Тим Кук изјави дека очекува компанијата да се пресели во ,,Cupertino Campus 2”, познат и како ,,вселенски брод”, до 2016 година.

Тим Кук додаде дека неговата компанија ги продолжува преговорите со властите во градот за добивање на сите потребни дозволи.

Кук рече дека се надева дека се ќе биде завршено до крајот на 2016 година, што е за една цела година покасно од предходната изјава, во која се планираше да се преселат во 2015 година.

Тим Кук ги потврди наводите на сајтот на Bloomberg од ноември минатата година, каде што се велеше дека Apple ќе биде спремен за селидба во средината на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП