26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБонус од 7200 евра за секој вработен во Фолксваген

Бонус од 7200 евра за секој вработен во Фолксваген

folksvagen

Германскиот производител на автомобили, Фолксваген ќе исплати премии од 7.200 евра за секој од своите 100.000 работници во Германија.

Оваа одлука е донесена откако овој автомобилски гигант оствари рекорден нето профит од близу 22 милијарди евра во 2012-та година.

Што се однесува до бонусот за членовите на менаџментот, Надзорниот одбор не го објави, но одлучиле нивниот износ да биде лимитиран.

Минатата година, најавената заработувачка на шефот на компанијата, Мартин Винтеркорн, беше предмет на скандал , така што со исплатени 14.5 милиони евра за 2012 година, остана најдобро платен директор во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП