Италијанскиот прволигаш Рома ја одби фантастичната понуда од 25 милиони евра, која екипата на Барселона ја понуди за младиот бразилски дефанзивец, Маркињос.
Маркос Аоас Кореа е 18-годишен стопер кој во јули 2012-та година од Коринтијанс пристигна во Рим за 4.5 милиони евра, а досега одгира само 12 средби за неговиот нов тим.
Каталонците веќе подолго време бараат долготрајно решение на позицијата стопер, поради годините на Карлес Пујол (34) и честите повреди на Џерард Пике. Па затоа во последно време се шпекулира за доведување на Давид Луис, Дејан Ловрен, но сепак нивниот прв пик и натаму е Маркињос.