27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН Македонија: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија не зависи од нас

ЕВН Македонија: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија не зависи од нас

evn

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари, не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по денешната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.

Од ЕВН Македонија, појаснуваат дека со Законот за енергетика се предвидени исполнувања на одредени предуслови поврзани со пазарните правила и тарифните системи, што се во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

Според Анѓушев, неинформираноста на компаниите и неподготвеноста на ЕВН да одговори на предизвикот, се клучните причини поради кои процесот на либерализација беше одложен.

– Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие комапнии се приклучени, но и компаниите, изјави Анѓушев по денешната седница на МЕА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП