26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Русија илегално изнесени 49 милијарди долари

Од Русија илегално изнесени 49 милијарди долари

M

Граѓаните на Русија во текот на минатата година од својата земја незаконски изнеле 49 милијарди долари, што е идентично на 2,5 проценти со БДП, изјави гувернерот на руската централна банка, Сергеј Ињатијев

„Тоа се однесува на дрога или други производи забранети во Русија, мито исплатено на сметките во странство на функционери или челници на компании… како и на различни фискални проневери”, рече Ињатијев.

Вкупниот одлив на приватен капитал, легален и илегален, институциите го процениле на 56,8 милијарди долари за 2012 година, наспроти 80,5 милијарди долари во 2011 година. Тој индикатор се следи во економските кругови кои во него гледаат знак на лоша клима за работење што владее во некоја земја.

Ињатијев процени дека заради тој одлив буџетот останал без околу 450 милијарди рубљи или 11,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП