27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБоливискиот претседател национализираше уште една шпанска компанија

Боливискиот претседател национализираше уште една шпанска компанија

evomorales

Боливискиот претседател Ево Моралес го национализираше шпанскиот конгломерат кој води три главни боливиски аеродроми, и тоа е трета шпанска компанија која боливиската Влада ја национализираше во последните десет месеци.

Тоа наиде на гневен одговор на шпанското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека е „многу разочарано“ поради тоа што немало предупредувања и „особено поради полициската окупација на канцеларијата“.

Министерството наведе дека ќе ги разгледа целокупните односи со Боливија по овој „непријателски чин и други слични мерки“ кои левичарската Влада на Моралес неодамна ги презеде против шпанските компании.

Компанијата „Сабса“ управува со аеородромите во Ла Паз, Санта Круз и Кочабамба. Тоа е конголмерат на две компании – „Абертис Инфраструктурас СА“ од Барселона и шпанската агенција за аеродроми „Аена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП