27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays загуби повеќе од една милијарда фунти

Barclays загуби повеќе од една милијарда фунти

barc1

Британската банка „Barclays“ извести дека оваа година ќе укине најмалку 3,700 работни места, и дека 2012 година ја завршила со нето загуба, поради скандалот со местењето на Либор.

„Barclays“ најавува дека ќе го намали бројот на вработените во целата компанија за најмалку 3,700 работници, вклучувајќи 1,800 лица од одделот за корпоративно и инвестициско банкарство и 1,900 лица кои работат на европскиот пазар

„Barclays“ има вкупно 140,000 работници.

Банката во 2012 година работеше со загуба, по оданочувањето од 1,04 милијарди фунти, односно 1,22 милијарди евра, во споредба со нето добивката од три милијарди фунти една година претходно.

„Нема сомнение дека 2012 година беше тешка година за „Barclays“ и целокупниот банкарски сектор“, изјави извршниот директор Ентони Џенкис.

„Однесувањето кое во текот на годините ги полнеше насловните страници во весниците е резултат од 20-годишен период во кој, овој сектор стана многу агресивен, премногу фокусиран кон краткорочниот профит и премногу одвоен од потребите на клиентите“, изјави Џенкис.

„Barclays не беше имун на влијанието на овие трендови, па во 2012 година поради тоа страдаше нашиот углед. Потребна е промена, како во банкарската индустрија така и во Barclays“, додаде Џенкис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП