26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПретставници од Федерацијата на фармери во посета на Унгарија

Претставници од Федерацијата на фармери во посета на Унгарија

farmeri1

Претставници од Федерацијата на фармерите на Република Македонија ќе претстојуваат во Унгарија каде треба да остварат средби со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството.

Целта на студиското патување е размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто.

Во рамките на тридневниот претстој, како што соопшти ФФРМ, во организација на Амбасадата на Македонија ќе се реализираат средби во Министерството за земјоделство каде ќе се разговара за системот на финансиска поддршка на Европската унија за групи на производители и организации на производители во секторот градинарството.

Според соопштението на Федерацијата, предвиден е состанок со потпретседателот на унгарскиот парламент и претседател на Националната асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи, Истван Јакаб.

Студискиот престој ќе го реализираат Федерацијата на фармери и консултанстката куќа МЦГ, со поддршка од Агбиз програмата на УСАИД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП