27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрговците со подобри резултати во четвртиот квартал од годината

Трговците со подобри резултати во четвртиот квартал од годината

kompanii11

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година, е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.

Раководителите на деловните субјекти, соопшти Државниот завод за статистика, оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје. Според нив, количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2012 година е зголемена во однос на третото тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените, во однос на третото тримесечје од 2012 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2012 година забележале зголемување во однос на третото тримесечје. Во четвртото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2012 година имале слабата побарувачка на купувачите со 34,3 отсто, зголемената конкуренција со 17,4 и зголемената понуда на пазарот со 14,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП