26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралевите се поблиску до Гундоган!?

Кралевите се поблиску до Гундоган!?

D

Според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија и Германија, Реал Мадрид потпишал договор со Борусија Дортмунд за полудефанзивецот Илкај Гундоган.

Халфот одамна е цел на мадриѓаните, а се зборуваше дека и Барса го сака, но „кралскиот клуб“ дејствуваше побрзо поради добрите односи со Германците.

Самиот Гундоган одбил да го обнови договорот со Борусија, кој истекува во летото 2015-та година, па клубот ќе биде обврзан да го продаде и од следното лето се очекува тој да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

„Жолто-црните“ се надеваат дека ќе добијат 30 милиони евра за фудбалерот, но според информациите ќе мора да се задоволат со сума меѓу 15 и 20 милиони и правата на Нури Сахин, кој оваа сезона игра како позајмен во тимот.

Сериозен интерес кон Гундоган имало и од англиски клубови, кои сепак се откажале од него, откако станало јасно дека неговата желба е да заигра во Мадрид.

Се очекува сите детали од договорот, како и личните услови на фудбалерот да бидат допрецизирани уште пред крајот на оваа сезона, по што германскиот репрезентативец ќе пристигне во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП