Барселона веќе ја договори смената на двајцата голмани за во следната сезона.
Каталонците имаат потпишано прелиминарни договори со Хозе Мануел Реина, кој ќе пристигне за 5 милиони од Ливерпул и младиот германски голман Марк Андре Тер Штеген, кој ќе чини околу 12 милиони.
Двајцата се речиси целосно сигурни дека од следната сезоната ќе го носат каталонскиот дрес, бидејќи со слични прелиминарни договори на „Камп Ноу“ веќе играат Жорди Алба и Нејмар.
Сегашниот голман на Барса, Виктор Валдес ја игра последната сезона за клубот, а неговата резерва Хозе Мануел Пинто веќе има 38 години, а исто така и неговиот договор истекува на крајот од оваа натпреварувачка сезона.