27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуска интернет компанија во поход на САД

Руска интернет компанија во поход на САД

Twitter IPO

Најголемата руска интернет компанија „Mail.ru“ влезе на американскиот пазар со сервис за електронска пошта, инстант пораки и апликации за игри за мобилните телефони. Компанијата вчера ја отворила својата филијала „My.Com“ во Силициумската долина во Калифорнија и најавија дека ќе лансираат апликации за паметните телефони и таблети кои ќе бидат компатибилни со софтверот на „Apple“ или „Android“.

„Иако имаме канцеларија во Силициумската долина, поголемиот дел од нас работат во Москва за групата „Mail.ru“, најголемата компанија на руски јазик на интернет“, ова компанијата го соопшти на својот блог.

Тие исто така напишаа дека имаат повеќе од 100 милиони корисници во светот кои секој месец ги користат нивните сервиси и имаат големо искуство во областа на комуникацијата и игрите.

Апликациите „myMail“ за електронска пошта и „myChat“ за инстант пораки беа пуштени вчера, заедно со софтверот „myGames“ за мобилните телефони. Овие програми имаат бројни конкуренти на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП