27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMorgan Chase се согласи да ја плати казната од 13 милијарди долари

Morgan Chase се согласи да ја плати казната од 13 милијарди долари

Stress Tests

Американската инвестициска банка „Morgan Chase“ ќе плати рекордни 13 милијарди долари за да стави крај на судскиот спор.

Судскиот спор против оваа банка се води поради продажбата на високоризични хипотекарни кредити во пресрет на проблемите на пазарот за недвижнини во САД.

Претходно банката ги отфрлуваше обвиненијата насочени на нејзина адреса, а во овој момент во рамките на вонсудскиот договор со федералните и државните власти постои и признанието на најголемата американска банка дека ги намалила проценките за ризикот за хипотекарните кредити и хартиите од вредност кои ги продавала во пресрет на почетокот на глобалната финансиска криза, пренесува агенцијата Франс прес.

Според зборовите на официјалните лица, „Morgan Chase“ е казнета поради несовесното однесување кое доведе до појава на финансиска криза, и станува збор за најголемата парична казна некогаш изречена за некоја компанија.

„Овој договор е голем чекор за враќање на довербата во нашите финансиски пазари“, изјави њујоршкиот државен обвинител Ерик Шнајдермен и додаде дека без оглед на големината на една банка, таа мора да одговара доколку ги прекрши правилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП