26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома постави нов рекорд во Серија А

Рома постави нов рекорд во Серија А

francesco_totti

Екипата на Рома испиша нова историја во италијанскиот фудбал откако ја забележа десеттата победа во низа од почетокот на сезоната 2013/14.

Досега рекордер беше тимот на Јувентус кој на стартот од сезоната 2005/06 оствари девет победи по ред.

На „Олимпико“ во Рим синоќа беше совладан Киево со 1:0. Победничкиот гол за „римската волчица“ беше дело на Марко Бориело кој погоди во 67.минута за голема радост на 40 илјади навивачи на лидерот во Серија А.

Резултати на другите натпревари од 10.коло: Каљари – Болоња 0:3, Фиорентина – Наполи 1:2, Милан – Лацио 1:1, Џенова – Парма 1:0, Јувентус – Катанија 4:0, Ливорно – Торино 3:3, Сасуоло – Удинезе 1:2, Верона – Сампдорија 2:0 и Аталанта – Интер 1:1.

Табела: Рома 30 бодови, Наполи 25, Јувентус 25, Интер 19, Верона 19,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП