27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнфилд Роуд ќе се прошири

Енфилд Роуд ќе се прошири

enfild

Првиот човек на Ливерпул, Џои Андерсон сака да го забрза проширувањето на капацитетот на стадионот на „црвените“ на 60.000 места, а за тој подвиг е неопходно да се одвојат 260 милиони фунти.

Градските власти се подготвени финансиски да го помогнат Ливерпул, затоа што нивниот план за реновирање на стадионот, како и изработката на новите објекти околу него, стагнираат. Причината за тоа е неможноста да се договорат со соптвениците на земјата околу стадионот.

Планот е во наредните две години да се заврши работата, а од градот се нафатија да ги решат проблемите кои се настанати околу откупот на земјиштето од сопствениците.

„Енфилд Роуд“ според новиот план ќе има капацитет од 60.000 седишта (15.000 повеќе од сега), а околу стадионот е планирана изградба на хотел, шопинг центар, како и плоштад од кој преку авенија би се пристигнувало до стадионот. Таа авенија би требало да се нарекува според настраданите од Хилборо.

Во клубот ја отфрлија можноста да се преселат на друга локација, па се надеваат дека наскоро ќе дојде до реализација на овој проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП