26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВажно да е Манчестер!

Важно да е Манчестер!

golman

Младиот Норвежанец, Кјетил Хауг, за секој случај го носи дресот и на „ѓаволите“ и на „граѓаните“, се со цел неговиот менаџер да се избори за договор со еден од двата клуба од Манчестер.

Норвешките медиуми 15-годишниот Кјетил Хауг од Шарпсборг 08 веќе го прогласија за наследник на Питер Шмајхел, а тој изгледа премногу сериозно го разбрал тоа.

Легендардниот дански голман своите најдобри денови ги помина на „Олд Трафорд“, а на крајот од кариерата беше чувар на мрежата на Манчестер Сити, па најверојатно младиот Хауг би сакал да тргне по неговите стапки.

golman1

„Разговарав со Линдегард и тој ми даде многу корисни совети и ме охрабри дека мојот трансфер во Јунајтед може да се оствари. Не кријам дека сум голем навивач на тој клуб“, вели Хауг.

Неговиот агент ќе се обиде да му ја исполни желбата и да го реализира трансферот во редовите на „ѓаволите“, план Б нормално е Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП