26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple крие милијарди од даночните обврзници

Apple крие милијарди од даночните обврзници

aple

Американскиот електронски гигант „Apple“ крие милијарди долари во офшор даночните рајови, се наведува во извештајот на „Business Insider“.

Според анализата на финансискиот извештај во четвртото тромесечие, компанијата канализирала 11 милијарди долари во даночни рајови, само во еден квартал.

„The Sunday Times“ тврди дека „Apple“  затаила вкупно 94 милијарди долари во офшор даночни рајови.

Меѓутоа активностите на „Apple“ се целосно легални и „IRS“ (американската агенција одговорна за собирање на даноци во согласност со даночните закони) не им може ништо околу тоа.

Но, стратегијата на „Apple“  во врска со избегнувањето на даноците не е ограничена само во САД.

Според овие податоци компанијата во 2011 година избегнала плаќање од 550 милиони долари во Велика Британија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон кон крајот на минатот месец побара истрага во врска со тврдењата за избегнување на големото даночно затајување.

Меѓутоа како што се наведува во овие извештаи, американските политичари попрво би се сликале со се што е „Apple“, а самата американска компанија се гледа како успешна американска приказна, така што засега овие податоци не претставуваат проблем.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП