27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака повторно во дресот на „росонерите“

Кака повторно во дресот на „росонерите“

kaka-1

Рикардо Кака и официјално се врати во Милан. Утрово „росонерите“ на својата интернет страна дека халфот повторно е дел од клубот.

Бразилецот од Реал Мадрид преминува во Милан како слободен играч и ќе потпише 2-годишен договор.

„Минатата ноќ некаде околу 20.00 часот благодарение на традиционално добрите односи меѓу двата клуба, Реал Мадрид и Милан постигнаа договор за трансферот на Рикардо Кака во боите на „росонерите“. И подоцна, непосредно пред 3.00 часот наутро, беше постигнат договор со Бразилецот “, се вели во соопштението на Милан.

31-годишниот фудбалер дојде на „Сантијаго Бернабеу“ во 2009-та година од редовите на Милан за 65 милиони евра. Тој сепак не се наметна во стартниот состав ниту кај Мануел Пелегрини, ниту подоцна кај Жозе Мурињо.

Сега Кака се враќа во тимот, кој го направи еден од најдобрите во светот и со чии бои, тој ја освои Златната Топка во 2007-та година. Во периодот 2003-2009 година Кака одигра 270 натпревари и постигна 95 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП