27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФерари најавува нови хибриди

Ферари најавува нови хибриди

ferarri la

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло изјави дека италијанскиот производител покрај „LaFerrari“ на купувачите ќе им понуди и други модели со хибриден погон.

Во Ферари се охрабрени од почетниот успех и приемот на кој наиде нивниот прв сериски модел со хибридна технологија – „LaFerrari“.

„Неверувам во електричните возила, но верувам во автомобилите со хибриден погон“, изјавил ди Монтеѕемоло во разговорот за „Блумберг“.

„Имаме во план да понудиме нови хибридни автомобили со услов на купувачите да не им биде скратено чувството за возење Ферари и да го добијат тоа што го посакуваат“, додава шефот на Ферари.

Тој во оваа прилика не прецизираше за кои модели станува збор и какви мотори ќе користат.

За потсетување „La Ferrari“ е опремен со хибриден систем кои се состои од 6.3 литарски V12 агрегат и електромотор со снага од 163 ks (120 kW) и вртежен момент од 270 Nm. Максималната комбинирана снага која може да ја достигне е 963 ks (708 kW) и му овозможува на „LaFerrari“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за помалку од 3 секунди, а најголемата брзина изнесува 350 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП