27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDacia реди успеси во западна Европа

Dacia реди успеси во западна Европа

dacia

Романскиот производител го зголеми пазарниот удел во Велика Британија, а раст на продажбата е забележан и во Германија и Франција.

„Dacia“ во првите седум месеци од 2013-та година го зголеми пазарниот удел во Велика Британија со 0.6 проценти на 0.63 проценти.

Во периодот од јануари до јули во таа земја се регистрирани 8.297 возила од марката „Dacia“ со што овој производител се најде на 19-та позиција од вкупно 38 марки на автомобили. Ова го покажуваат податоците на Здружението на продавачи и производители на автомобили во Велика Британија.

Во јули во Британија вкупно се регистрирани 1.303 возила на романскиот бренд, а во јуни 1.829 примероци.

„Dacia“ во првите седум месеци од 2013-та година беше успешна и на пазарите во Германија и Франција. Продажбата во Германија пораснала за 6.3 проценти или 27.601 автомобили, а додека во истиот период бројот на нови регистрирани возила на таа марка во Франција скокна за 8.6 проценти на 54.610 примероци.

Порастот на продажбата на трите најголеми пазари на автомобили во ЕУ се поклопува со лансирањето на новите генерации на моделите Logan / Sandero / Stepway.

Според нивниот логистички центар во градот Миовени во Романија „Dacia“ од 2005-та извезла повеќе од два милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП