26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик за промовирање на здрава економија во Кина

Повик за промовирање на здрава економија во Кина

China-economy-001

Кинескиот премиер Вен Џиабао, ја повика Народната банка на Кина да „промовира“ здрава економија.

Тоа го направил поради тоа што економијата на земјата  минатата година имала најнизок раст во последните 13 години, соопшти денес владата во Пекинг.

За време на посетата на Народната банка на Кина, Вен ја повика централната банка да иницира финансиски реформи и да ја искористи монетарна политика за стимулирање на економијата, се вели во соопштението на владата, пренесува агенцијата AFP.

„Финансискиот бизнис сеуште е соочен со тешко и комплицирано опкружување, како на домашна, така и на меѓународна сцена“, изјави Вен.

„Мораме во целост да ја искористиме монетарната политика за да оствариме здрав развој на економијата“, изјави тој, додавајќи дека цените би морале да бидат задржани на стабилно ниво.

Кинеската економија, втора по ред најголема светска економија, минатата година зајакна за 7,8 проценти како последица на слабостите на домашниот и меѓународниот пазар.

Централната банка последен пат ги намалила каматните стапки во јули минатата година, која исто така ја зголемила ликвидноста преку своите операции на отворениот пазар.

Минатата недела банката соопшти дека ќе започне со краткорочни операции како би ја зголемила ликвидноста, со што на законодавците би им овозможила додатна флексибилност, сметаат аналитичарите.

Вен исто така повика и на додатни финансиски реформи и понатаму вклучувајќи ја либерализацијата на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП