26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем го посакува Џеко

Тотенхем го посакува Џеко

Bolton-v-Manchester-City-Edin-Dzeko-scores-Ma_2639474

Екипата на Тотенхем оваа лето има во план да ангажира напаѓач, а според последните информации нивниот избор е голгетерот од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко.

Андре Вилаш-Боаш сака да го доведе босанскиот интернационалец, доколку пропадне трансферот на Роберто Солдадо за кого се интересира и Ливерпул.

Џеко минатата сезона немаше преголема минутажа во Сити и поради тоа може да се очекува тој да си замине од синиот дел на Манчестер.

Со доаѓањето на Стеван Јоветиќ и Алваро Негредо тешко дека тој ќе добие поголема минутажа во првиот тим на оваа екипа, па поради тоа се очекува Џеко да побара трансфер во друга екипа во која ќе ја одржува формата пред наредното Светско првенство за кое селекцијата на БиХ има големи шанси да се пласира.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП