26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио и Маури обвинети за местење

Лацио и Маури обвинети за местење

mauri

Капитенот на Лацио, Стефано Маури, како и раководителите на клубот и претставници на уште два тима беа повикани во италијанскиот суд поради тоа што против нив е покренато обвинение за местење на натпревари.

Екипите на Лацио, Џенова и Лече ќе добијат казни со одземање на поени, ако вината на Маури и седум други фудбалери биде докажана.

Тие ќе ги разгледуваат натпреварите на Лацио против другите два тима, а под сомневање се средбите кои биле одиграни во месец мај 2011-та година.

Според прелиминарните информации, Лацио можеби ќе ја започне следната сезона со казна од пет поени, додека на Маури му се заканува казна од неиграње од пет години, но не се исклучува можноста тој да заврши во затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП