26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet продаде 2.5 милиони возила за шест месеци

Chevrolet продаде 2.5 милиони возила за шест месеци

che

„Chevrolet“ продаде рекордни 2.5 милиони автомобили во светот во првите шест месеци од 2013-та година, правејќи раст од 1.4 проценти во однос на истиот период од 2012-та година.

Со тоа брендот дојде до 11-тиот последователен квартал со раст на продажбата, благодарение на новите производи како субкомпактниот модел „Onix“ во Бразил, големиот седан „Impala“ во САД и моделот „Colorado“ во Југоисточна Азија.

Како целина „General Motors Co.“  објави продажба од над 4.85 милиони автомобили за првото полугодие на 2013-та година или пораст од речиси 4 проценти во однос на истиот период од 2012-та година.

„ „Chevrolet“ е во екот на најагресивната продуктна офанзива во историјата на марката. Тековниот раст во светот е резултат на фокусираните напори за проширување на присуството на „Chevrolet“ на пазарите во развој, како и односите со клиентите со нудење на вистинските производи, технологии и услуги на високо ниво“, истакнува Ален Бејта, извршен потпретседател на „Global Chevrolet“.

Во САД палетата од мали автомобили на „Chevrolet“ продолжува да привлекува нови клиенти на марката. Вкупната продажба на „Sonic“, „Spark“, „Cruze“ и „Volt“ бележат раст од речиси 25 проценти во првата половина од 2013-та година.

Петте најголеми пазари на „Chevrolet“ за првите шест месеци на 2013-та година се: САД (1.02 мил.) Кина (322 000), Бразил (305 000), Мексико (91 000) и Русија (80 200).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП