27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelhaize ја напушта Црна Гора

Delhaize ја напушта Црна Гора

delhaize1

Белгискиот ланец „Delhaize“ објави дека ги продава сите 25 продавници „Maxi“, „Mini Maxi“ и „Tempo“ во Црна Гора.

„Delhaize“ договорот за продажбата го постигнал со црногорската компанија „Expo Commerce“.

Како што  се наведува, во 2012 година овие продавници оствариле вкупно 50 милиони евра приходи.

„Delhaize“ и „Expo“ ќе работат на основа на договор за франшиза и ќе ги задржат имињата „Maxi“, „Mini Maxi“ и „Tempo“ како имиња на продавниците.

„Се очекува дека трансакцијата ќе заврши во 2013 година, таа зависи од добивањето на потребните дозволи како и од постигнувањето на посебни услови околу трансакцијата и прилагодувањето на капиталот“, се додава во соопштението.

Компанијата „Expo“ е основана во 1991 година со седиште во Котор, Црна Гора, а од 1998 година работи под името „Expo Commerce“. Основните активности на компанијата се трговијата на мало и големo на мешовита прехранбена стока и услуги.

Компанијата „Delhaize“ чие седиште е во Белгија е присутна во девет зeмји на три континенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП