26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrutale Corsa новото чедо на MV Agusta

Brutale Corsa новото чедо на MV Agusta

agusta

„MV Agusta“ го претстави последното уметничко дело на две тркала кое го нарече „Brutale Corsa“, име за возбудлив и ултра ексклузивен мотоцикл.

Рачно изработен и во ограничена серија, „MV Agusta Brutale Corsa“ поседува надалеку позната и призната рачна изработка на искусните мајстори на својот занает, на кои за перфекција не им се потребни мерни инструменти, туку срце. Компанијата истакнува дека ова е екстремна машина за одбрани и храбри возачи.

Четирицилиндарски агрегат со зафатнина од 1.078 ccm и 158 ks при 11.900 o/min, односно точно 100 Nm при 10.100 o/min.

Одвоените ладилници за масло и течноста за ладење му помагаат на „Brutale Corsа“ ефикасно да го олади моторот, а притоа не преминува 183 kg сува маса.

„MV Agusta Brutale Corsa“ сопира со помош на дуплите предни дискови со дебелина од 320 mm кои ги „гризе“ четириклипната „Brembo“ сопирачка клешта. Позади стандардно е со помали димензии, односно моно диск со пречник од 210 mm со четириклипна „Nissing“ клешта. Алуминиумските тркала се од 17 инчи и носат пневматици предни со ширина од 120, а задни од 190 мм.

Цената на најновиот мотор на „MV Agusta“ изнесува 20.990 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП