26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарио Гомез потпиша за Фиорентина

Марио Гомез потпиша за Фиорентина

gomez

Европскиот шампион Баерн Минхен се раздели со својот водечки голгетер Марио Гомес. 27-годишниот германски репрезентативец преминува во италијанскиот клуб Фиорентина, потврдија „баварците“ на клупската интернет страна.

Гомез ќе потпише договор за четири години, а вредноста на договорот меѓу двата клуба се проценува на 20 милиони евра. Претходно денеска извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге се состана со претседателот на Фиорентина, Андреа Дела Вале за да ги финализираат преговорите.

„Желбата на Марио беше да го напушти Баерн и да премине во Фиорентина . Ние му ја исполнивме. Сакам да му се заблагодарам за неговите фантастични настапи во овие четири години, во кои го носеше дресот на Баерн. Од името на целиот клуб му посакуваме среќа и успех во Фиренца “, изјави Румениге.

Гомез во 2009-та година од редовите на Штутгарт се пресели во Баерн, а „баварците“ за него платија 30 милиони евра и тој начин го собори рекордот за најскап трансфер на германски играч. Напаѓачот покажа одличен успех и постигна 113 гола во 174 натпревари за тимот.

Минатата сезона тој ја пропушти првата половина од сезоната поради повреда и го загуби првотимското место за сметка на Марио Манџукиќ. Сепак Гомез продолжи да игра многу силно откако се врати и постигна 19 гола во 32 натпревари – по еден на секој 64 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП