26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИS&P го намали рејтингот на Nokiа

S&P го намали рејтингот на Nokiа

nokiaa

Американската рејтинг агенција „S&P“ денеска го намали кредитниот рејтинг на финскиот производител на мобилни телефони „Nokiа“.

„S&P“ долгорочниот рејтинг на компанијата го намали за еден степен од „BB-“ нa „B+“, а како причина за тоа ја наведе загриженоста околу преголемите трошоци на компанијата во откупот на уделот на „Simens“ во заедничката компанија„ Nokia Simens Networks“ (NSN).

„Nokia“ во понеделникот соопшти дека ќе ги откупи акциите на „Simens“ во компанијата за производство на телекомуникациска опрема „NSN“ за сума од 1.7 милијарди евра и со тоа во целост ќе ја превземе контролата над оваа компанија.

Со ова превземање паричните резерви на „Nokiа“ ќе бидат значително намалени.

„Nokia“ која некогаш беше меѓу највредните компании на Хелсиншката берза во изминатите две години се соочи со пад на пазарната вредност од 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП