27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработува директорот на најголемата авто-компанија?

Колку заработува директорот на најголемата авто-компанија?

toyotalogo

Платата на директорот на најголемиот светски производител на автомобили, Тојота, порасна за една третина или на 1.44 милиони евра, но ова и натаму е под ниво во споредба колку заработуваат неговите колеги во странство.

Според податоците на јапонската агенција за финансиски услуги, Тојота во 2012-та година на директорот Акио Тојода му исплатила вкупно 184 милиони јени (1.44 милиони евра) во вид на плата и бонуси. Во таа сума е вклучена и дивидендата од акциите кои Тојода ги поседува во компанија која ја основал неговиот прадедо.

Платата на Тојода во фискалната година заклучно со март 2013-та година е зголемена за 35 проценти во однос на претходната фискална година, благодарејќи на трикратното зголемување на нето-профитот на компанијата на 962.1 милијарди јени (7.52 милијарди евра).

Карлос Госн, шефот на ривалската компанија и вториот најголем производител во Јапонија, Нисан, ја задржа позицијатa најплатен директор во Јапонија со заработка од 988 милиони јени (7.22 милиони евра). На Госн му се препишува спасот на Нисан кој беше на работ на банкрот, па тоа е една од главните причини за неговото зголемување на платата.

Меѓутоа и неговата заработка ја надминаа колегите од САД, каде шефот на Форд, Ален Малаи заработи 21 милион долари (околу 16 милиони евра), додека директорот на Џенерал Моторс, Ден Ејкерсон доби плата од 11.1 милион долари (8.44 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП