27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВелосипед вреден 6999 евра инспириран од А45 AMG

Велосипед вреден 6999 евра инспириран од А45 AMG

tocak

Секој кој сака „AMG“ брендиран модел сега има можност да одбере меѓу возила со два или четири тркала. Брендот на „Mercedes-Benz“ за возила со големи перформанси „AMG“ стапи во долгорочно партнерство со компанијата „ROTWILD“ познат производител на премиум планински и „touring“ велосипеди.

tocak1

Со портфолио на ексклузивни и ограничени планински велосипеди, првиот производ на оваа компанија ќе биде велосипедот „R.X45 AMG All Mountain“. Динамичниот дизајн и свежата колор шема е инспирирана од моделот „A45 AMG Edition 1“.

tocak2

Овој нов модел на велосипед е достапен ексклузивно преку дилерите на „ROTWILD“, при што цената на овој рачно изработен велосипед од јаглеродни влакна изнесува цели 6999 евра. Оваа цена можеби е голема, но вистинските љубители на велосипеди нема да жалат доколку ги дадат за овој нов производ на „ROTWILD“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП