26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарвахал за 6.5 милиони евра се враќа дома

Карвахал за 6.5 милиони евра се враќа дома

carvaha;

Десниот бек на Баер Леверкузен, Даниел Карвахал се враќа во Реал Мадрид, потврдија официјално од „БајАрена“. Кралскиот клуб ја искористи опцијата за откупување на договорот и го врати 21-годишниот дефанзивец за сума од 6.5 милиони евра. Минатото лето германскиот клуб го купи шпанскиот фудбалер за пет милиони евра.

„Знаевме дека Реал Мадрид знае каков фудбалер е тој. Жалиме што нема начин како да го задржиме. Од самиот почеток беше јасно дека Мадрид набргу ќе го земе назад и за нас тоа не беше изненадување”,  стои на официјалната страна на „фармацевтите“.

„Даниел Карвахал остави прекрасни впечатоци уште од првиот ден како на спортски, така и на човечки план. Знаеме дека сака да го оствари својот сон, бидејќи е „Мадридиста“, рече генералалниот директор на Баер, Волфганг Холцхојзер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП