27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPiraeus Bank стана најголема банка во Грција

Piraeus Bank стана најголема банка во Грција

piraeus2

„Piraeus Bank“ од Атина според последните финансиски резултати стана најголемата банка во Грција.

Таа имаше пазарен удел од 30 проценти и вкупен капитал од 1,3 милијарди евра на крајот на првиот квартал од 2013 година, пренесуваат странските медиуми.

Вкупниот капитал на „Piraeus Bank“ во Атина, како што се наведува во соопштението, достигнува 9,7 милијарди евра.

Ова ниво на капитал ја стави „Piraeus Bank“ на 30-то место меѓу банките во Европската унија.

„Piraeus Bank“ во 2012 година изврши аквизиција на здравиот дел од „ATE“ и „Geniki“ банките, оваа година превзема три гранки од три кипарски банки, како и банката „Millenium“ во Грција.

По аквизицијата на банката „Millenium“, вкупните комбинирани средства на Групата ќе изнесуваат 99 милијарди евра, со 1.750 филијали и 25.000 вработени во Грција и странство.

Добивката пред оданочувањето изнесуваше 3.077 милиони евра во првиот квартал од 2013 година, додека уделот на грчкиот пазар изнесуваше 29,6 проценти, односно 28,9 проценти во делот на кредитите и депозитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП