27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ Google се вклучи во трката за Waze

И Google се вклучи во трката за Waze

waze

„Google“ размислува за купување на израелската компанија за мобилна сателитска навигација „Waze“ поради која може да дојде до војна на наддавање со „Facebook“, пренесе Блумберг.

„Waze“ сака повеќе од 1 милијарда долари и во моментов ги разгледува неколку предлози од заинтересираните страни, истакнаа од Блумберг, повикувајќи се на извор од компанијата.

Други медиуми јавуваат дека „Facebook“ започнале преговори за купување на „Waze“ за цена од 1 милијарда долари.

„Google“ и другите заинтереснирани страни започнаа преговори со „Waze“ откако разговорите со „Facebook“ станаа јавно достапни, но ниту еден од учесниците не е блиску до финализирање на зделката. Блумберг коментираа дека од „Waze“ можат да одлучат да останат независни.

Во „Waze“ не беа достапни за коментар, а од „Google“ исто така не ги потврдија или негираа шпекулациите кои се појавија.

„Waze“ ги користи сателитски сигнали од паметните телефони на корисници за да генерира карти и податоци за автомибилскиот сообраќај, кои потоа ги споделува со други корисници, нудејќи во реално време информации за сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП