26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson укинува 354 работни места

Ericsson укинува 354 работни места

ericsson1

„Ericsson“ вчера објави дека планира да го затвори погонот за производство на телекомуникациски кабли во матичната Шведска и очекува дека поради тоа ќе забележи еднократен трошок од 500 милиони шведски круни (75 милиони долари).

Компанијата објави дека ќе укине 354 работни места, објаснувајќи ја одлуката за затварање на погонот со намалената побарувачка на бакарни кабли. Производството се сели во Азија, а паралелно расте и побарувачката за оптичкиот кабел, истакнуваат од „Ericsson“.

„На европскиот пазар за кабли премногу се произведува“, наведува во соопштението Томас Квист, шефот на одделот за посебни производи и мрежи.

„За жал, нашето производство веќе долго време не работи со полн капацитет и има проблем со профитабилноста“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП