29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на филмови од Милчо Манчевски - „Читај бе братучед, читај!“

Проекција на филмови од Милчо Манчевски – „Читај бе братучед, читај!“

Два специјални настани на годинашното издание на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ ќе се одржат денес, 30 октомври, во Кино Култура.

Во 20 часот ќе започне книжевната маса „Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ на тема „ограничувањата и предностите на жанровската литература“. Модератор на дебатата ќе биде Владимир Јанковски, а ќе учествуваат гостинот од Шведска Хокан Несер, како и професорите Елизабета Шелева, Влада Урошевиќ и Калина Малеска.

Веднаш по дискусијата, со почеток во 21 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Четврток“, „Пред дождот“, „Крајот на времето“ и „Бикини мун“ (најава) од Милчо Манчевски. Фестивалскиот слоган „Читај бе, братучед, читај!“ всушност е адаптација на една од најлегендарните реплики на филм токму од Манчевски.

Следниот ден, на 31 октомври, најпрво во Книжарницата „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 во 11 часот ќе се одржи програмската активност „На кафе со Хокан Несер“, а од 20 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе се одржи и промоција на неговата книга „Во окото на свеста“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП