27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради снегот бесплатно паркирање во Виена

Поради снегот бесплатно паркирање во Виена

sneg1

Поради обилните снежни врнежи, властите во Виена одлучија во понеделник да одобрат бесплатен паркинг за сите автомобили.

Белата прекривка во Виена не предизвика големи проблеми, а во понеделникот, околу 1.400 луѓе и 370 возила ги чистеа улиците од снег.

„Јавниот градски превоз не е загрозен. Во суштина, се функционира, но малку побавно“, изјави портпаролот на јавниот градски сообраќај во Виена, кој повремените доцнења во јавниот превоз ги објаснува како последица од недостатокот на прилагодување на поединечни учесници во сообраќајот.

Во Виена, на аеродромите се забележани мали доцнења поради снегот, а во Долна Австрија снегот предизвика бројни сообраќајни несреќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП