24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Треба да е лесно“ од Снежана Стојчевска

Промоција на книгата „Треба да е лесно“ од Снежана Стојчевска

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „БукСтар“ најавува промоција на четвртата поетска збирка на македонската писателка Снежана Стојчевска, како дел од програмата Македонска поддршка.

Денеска со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ ќе биде промовирана нејзината книга „Треба да е лесно“.

Книгата ќе ја промовираат Ана Голејшка, Јосип Коцев и Славица П. Диневска, кои исто така и ќе интерпретираат стихови од неа.

Најновиот поетски ракопис на Снежана Стојчевска, уште со насловот – „Треба да е лесно“ на ефектен начин асоцира на нејзината препознатлива поетика, во која се потврдува начелото на Р. Тагоре дека за убавите песни имаме чувство дека ние сме ги напишале.

Поетската интуиција на Снежана Стојчевска ја опева трансформативната моќ на љубовта: токму кога вистински и интензивно се љуби, светот станува убаво место за живеење.

„Најновиот поетски ракопис на Снежана Стојчевска е силно сведоштво дека таа умее непосредно и неусилено да ги ’(пре)сретне‘ и да ги овековечи поетски вредните мигови, како, на пример, длабоко доживеаното екстатично сознание дека Светот е убав. / Убави сме и ние во него. Вредноста на оваа поезија, меѓу другото, е во тоа што во неа вешто се опеваат и се слават токму миговите за кои вреди да се живее“, се вели во рецензијата на Владимир Мартиновски кон книгата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП