26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКубанците од денес можат да патуваат во странство

Кубанците од денес можат да патуваат во странство

kuba1

Кубанците од денес слободно ќе патуваат во странство. Владата ги укина излезните визи и другите ограничувања воведени пред половина век, за да се спречи заминувањето на луѓето по револуцијата. Но, сепак постои „НО“. Кубанците можат да ја напуштат земјата само со „Патна исправа“, која чини 100 американски долари, што е околу пет локални просечни плати.

Според новите правила, патувањата им се одобрени и на лекарите. На нив до сега не им беше дозволено патувањето, поради стравот на властите дека тие ќе ја напуштат земјата и никогаш нема да се вратат. Слична забрана постоеше и за другите угледни професии како што се научниците, но и поетите. Владата и понатаму го задржува правото за ограничување на патувањата, за сите, за кои мисли дека имаат влијание врз националната безбедност или економската сила на земјата.

Сега, кога нивната влада им го олесни патувањето, за нив сите останати земји се пречка, бидејќи многу малку земји им овозможуваат на Кубанците влез без виза, затоа што се познати по тоа што, кога еднаш ќе стапнат во некоја земја, дома не се враќаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП