27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF заработи 8.5 милијарди евра од нови производи

BASF заработи 8.5 милијарди евра од нови производи

basf_0_0_468X10000

„BASF“ оствари промет од приближно 8.5 милијарди евра во 2012-та година од новите производи кои на пазарот се помалку од пет години.

„Иновативната снага на нашиот истражувачки центар достигна ново ниво во 2012-та година“, изјавил Андреас Крејмајер кој е член на Управниот одбор на „BASF“.

Минатата година оваа компанија на пазарот лансираше повеќе од 250 нови производи.

„Ако ги вклучиме и новите формулации и оптимизираните производи вкупниот број би изнесувал неколку илјади“, додава Крејмајер.

Целта на компанијата е до 2020-та година остварат промет од 30 милијарди евра само од новите производи кои на пазарот ќе се најдат за помалку од десет години.

За и понатаму да бидат успешни во своите иновации во 2012-та година „BASF“ ги зголеми своите издатоци за истражување и развој на 1.7 милијарди евра што е за 100 милиони повеќе од претходната година. Моментално околу 10.500 работници работат во меѓународните и интердисциплинарните тимови на околу 3000 проекти ширум светот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП