26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРистовска номинирана за најдобро младо десно крило

Ристовска номинирана за најдобро младо десно крило

Ракометарката на Вардар и македонската репрезентација Сара Ристовска се најде во изборот за најдобро десно крило во светот меѓу младите ракометарки, во изборот на познатиот ракометен портал www.handball-planet.com.

Порталот ќе ја избере најдобрата постава на млади ракометарки кои настапуваа за своите тимови во оваа сезона. Во изборот има 28 ракометарки кои се родени 1995 или помлади.

На позицијата десно крило, каде е номинирана Сара Ристовска, се уште и Викторија Лукач (ФТЦ Будимпешта, Унгарија), Ема Екенман (Савехоф, Шведска) и Малин Ауне (Опсал, Норвешка).

Ристовска сезонава ја освои двојната круна во првенството на Македонија, титулата во регионалната ВРХЛ лига и стана вицешампион во Лигата на шампионите.

Со репрезентацијата на Македонија ги мина квалификациите и се пласираше во баражот за СП 2017.

Гласањето е отворено до 31 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП