26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон не сака референдум за ЕУ

Камерон не сака референдум за ЕУ

dejvid1

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги намали шансите за одржување на референдум за членството на Велика Британија во Европската унија, во пресрет на неговиот долгоочекуван говор за британските односи со Унијата, кој се очекува во текот на наредната недела.

Камерон вели дека тој сака Велика Британија да остане во ЕУ, нејзиниот главен трговски партнер, но дека се наоѓа под интензивен притисок од неговата партија и од се повеќе евроскептичната јавност.

„Ако утре го одржиме референдумот (за останување или за излез од ЕУ), или ако го одржиме во блиска иднина, не мислам дека тоа ќе го даде вистинскиот одговор, од проста причина што ние на луѓето ќе им дадеме погрешен избор“, изјави Камерон.

„Во моментов мислам дека има голем број на луѓе кои сакаат да останеме во Европа, но јас не сум среќен со секој аспект од членството, па би сакал тоа да се промени. Тоа е мојата позиција“, додаде британскиот премиер.

Камерон вели дека има план повторно да преговара за врските на Британија и ЕУ, тој бара поддршка од јавноста за нов договор и верува дека има сојузници во напорите за враќање на овластувањата на Брисел.

Камерон за односите со Европската унија ќе зборува најверојатно на 23 јануари, еден ден подоцна од она што беше предвидено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП